Крвава тепачка во затвор во Грција - еден затвореник убиен тројца повредени

Еден затвореник беше убиен, а тројца други повредени во тепачка во затвор во Западна Грција. Тепачката се случила вчера попладне во затворот во градот Гревена.

Загинал 31-годишен Ирачанец кој бил прободен со нож, кој одлежувал доживотна пресуда за убиство. Другите повредени затвореници исто така се странски државјани.