Семинар за историјата на Евреите по 20. век

 

Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со историскиот институт Центропа од Австрија, организираат дводневен меѓународен едукативен семинар на тема „Историјата на Евреите по 20-тиот век, дигитално раскажување на приказни и социјални медиуми“.

На семинарот, кој ќе се одржи денеска и утре во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ќе учествуваат 70 наставници по историја, граѓанско образование, етика во религиите, запознавање со религиите, македонски и англиски јазик од Република Македонија, како и едукатори од Република Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Австрија.

Свои обраќања пред присутните ќе имаат и амбасадорот на Австрија, Томас Михаел Баиер и амбасадорот на Германија, Гудрун Штајнакер.

Едукативниот семинар е поддржан од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Claims Conference, International Holocaust Remembrance Alliance, The Balkan Trust fot Democracy, Амбасадата на Република Австрија и Амбасадата на Соединтетите американски држави. 

најчитано сега