ССМ со остра реакција до МЕ: Ние работниците сме побројни

Остра реакција утрово упатија од Сојузот на синдикатите во Македонија до Министерството за економија, а во врска со нивната Иницијатива за изменување на законот за трговија во делот недела неработен ден.

Најавениот предлог Закон од Министерството за економија ако е доставен до Собранието, тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво, се наведува во реакцијата на ССМ испратена до медиумите по писмен пат.

Во продолжение, Ви го пренесуваме интегралниот текст на ССМ испратен до медиумите:

Министерството за економија веќе им овозможи на газдите сами да работат во недела во туристичките места и во трговијата на мало и треба да биде потсетено дека водејќи грижа за работниците и нивните семејства и нивното неприкосновено право на заштита на човековото достоинство и семејни врености , водени од тоа дека работниците и граѓаните може и треба во својство на туристи да ги посетуваат нашите туристички места и да уживаат во нивните убавини , со измената на Законот за трговија и Законот за работни односи , ССМ и другите социјални партнери по пат на социјален дијалог обезбедија најголем број од работниците, вклучително и на работниците во трговијата да бидат слободни и да не работат во недела, а газдите да работат.

Не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право и  повторно да се дозволи работниците да им работат, а они да одмараат.

Притоа, потсетуваме дека  со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат , предвидена е и можноста за работа на моловите , штандови и киосци за време на спортски настани , фестивали, саеми, манифестации и слично , како и предвидена е можноста во продавници за трговија на мало со храна , пијалоци и сл работата ,да ја вршат лично сопствениците на продавниците и не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право и  повторно да се дозволи работниците да им работат, а они да одмараат.

На овој начин сметаме дека се покриени сите потреби на туристите во туристичките места од аспект на трговските услуги , со тоа што потсетуваме дека овие работници кои ќе бидат ангажирани за работа во недела имаат право на додаток на плата за работа во недела и за празници најмалку во висина од 100% за секој час поминат на работа , како и право на неделен одмор во друг ден од неделата.

Потсетуваме дека ние работниците сме побројни, па нашето незадоволство ќе биде и соодветно изразено.

Сојузот на синдикатите на Македонија како и во случаите на предходните иницијативи од други политички субјекти и во овој случај ќе покрене иницијатива до Собранието за законско решение со кое ќе побара да им се дозволи право на дополнителна работа од 8 часа неделено кои задолжително ќе се одработуваат во недела за функционерите кои размислуваат да поднесат Предлог – Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија во делот недела неработен ден.

Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата беше донесен по пат на социјалниот дијалог и како репрезентативен социјален партнер, ССМ очекува доследно да се почитуваат Законот за трговија и ЗРО вклучително и во делот на законските измени за недела – неработен ден и да не се озаконуваат незаконитостите, а најавениот предлог Закон од Министерството за економија ако е доставен до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво!

Од овие причини ССМ и во преговорите бараше оваа материја да се регулира со Законот за работните односи за да се спречи министрите без социјален дијалог и без Економско социјален совет да уназадуваат работнички права и да удоволуваат на газди како во овој случај.

13.05.2022 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега