Вини Џонс: Го играм најтешкиот натпревар во животот
48- годишниот британски актер и поранешен фудбалер Вини Џонс во интервју за „Сан“ откри дека тој и неговата 47- годишна сопруга поледуваат од рак на кожа.
- Ќе се борам со сите сили – порача поранешниот фудбалер и глумец.
- Во февруари оваа година забележав израсток под окото, а докторот ми рече дека тоа е меланом. Прво нешто што помислив е уште колку време ми остана. Ужасно е да го слушнете зборот „канцер“. Сум се соочил со крупни и опасни момци на терените, влегував и во неволји, но ова е мојот најтежок противник. Направена ми е една операција, а по таа уште две, изјави Вини.
Докторите за неговата сопруга велат дека ракот го добила како реакција на лековите кои ги земала од 26. година, кои и биле терапија по трансплантацијата на срце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа