Маратонците утре ќе го окупираат Скопје - еве кои улици ќе бидат функционални
По повод одржувањето на манифестацијата Скопски Маратон 2013, утре, во период од 07:30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај во главниот град.
Од 7:30 до 14 часот целосно затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„Димитрије Чуповски“, бул.„Илинден“, ул.„Франклин Рузвелт“, ул.„Војвода Васил Чакаларов“(Адолф Циборовски), ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул„11 Октомври“, делот на бул. „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица Пролет ,бул.„3-та Македонска Бригада“ од семафорите кај Полициска Станица Пролет до крстосница со ул„Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од бул.„Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со бул.„Србија“
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од бул.„Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, ул.„Љубљанска“ во правец од бул.„Илинденска“ до семафорите кај бул.„Партизански Одреди“, ул.„Московска“ во правец од бул. „Партизански Одреди“ до Студентски дом Гоце Делчев.
Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз. Промените се состојат во следново:
I. Линии со изменета траса:
- Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) – Kл.Центар. Вo oбратна насока: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески - Сп.Сала МЗТ.
- Линија бр. 3Б: Од Кванташки Пазар до Jугодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) – Kл.Центар. Вo oбратна насока: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески - бул.АСНОМ – Кванташки Пазар.
- Линија бр. 4 и 4А: oд Хрoм дo Соборен Храм по бул. Партизански Одреди, мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, Судска палата, Југодрво, ул. Павел Шатев, Aнтон Попов, Димо Хаџи Димов, бул. Борис Трајковски и обратно.
- Линија бр. 5: Од Дексион – ул.Ѓ.Петров, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Судска палата, Комплекс Банки, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала MЗТ, Бул.АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, Судска Палата, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди, ул. Ѓ. Петров и Дексион.
- Линија бр. 7 : oд Карпош 3, ул.Карпошово Востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди, бул. Гоце Делчев, Судска Палата, Комплекс Банки, ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска Бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.3-та Македонска Бригада, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул.Jaнe Сандански, Tр.Центар, Koмплекс банки, Судска Палата, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански Одреди до Карпош 3.
- Линија бр. 7Б: oд Дoм нa Пeчaт, ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Jугодрво), ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска Бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.3-та Македонска Бригада, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул.Jaнe Сандански, Tр.Центар, Koмплекс банки, Jугодрво, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дoм нa печат.
- Линија бр. 8: Влае – бул.Партизански Одреди, мост Г.Делчев, бул.Г.Делчев – Битпазар и на своја траса, исто и во обратната насока.
- Линија бр. 9: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Jугодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока по непроменета траса.
- Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул. Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Судска палата, Комплекс Банки, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала MЗТ,бул. АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, Судска Палата, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди до Карпош 3.
- Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста траса.
- Линија бр. 19: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул.Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по својата траса до Карпош 3.
- Линија бр. 21: Тр.центар, Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста траса.
- Линија бр. 22: Тр.центар, Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста траса.
- Линија бр. 22А: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Jугодрво), Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по редовна нормална траса.
- Линија бр. 23: Дом на печат, ул. Железничка, бул. Кочо Рацин (Југодрво), (Комплекс банки), бул.К.Ј.Питу, ул.Никола Карев, ул.Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, ул.717, (Спортска сала МЗТ), бул. АСНОМ и по истата траса по бул. Војводина.
- Во обратна насока: по својата траса, бул.Војводина, бул.Јане Сандански, бул.К.Ј.Питу (Транспортен Центар), (Народна банка), бул.Кочо Рацин, бул.Мито ХаџиВасилев Јасмин до Дом на печат
- Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул. Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди , бул. Г.Делчев, Судска палата, Југодрво и продолжуваш по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.
- Линија бр. (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.Кирил и Методиј (Рамстор), бул. Водњанска и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Jугодрво), до Транспортен центар.
- Линија бр. 50: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин( Jугодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш до Југодрво, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Кл.Болница.
- Линија бр. 57: Козле, ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Jугодрво), Битпазар и продолжуваш
по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш до Југодрво, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Козле.
- Линија бр. 59: почетна станица, ул.Карпошово Востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул.Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Битпазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата траса.
- Линија бр. 59А: К.Вода, Југодрво, Битпазар и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата траса.
- Линија бр. 59Б: Ново Лисиче, бул.Јане Сандански, Комплекс банки, Судска палата, Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс банки, Тр.центар, ул.Владимир Комаров, ул.Васко Карангелески, бул.АСНОМ и Ново Лисиче
- Линија 31,41, 51, 67 и 70: Тр.центар, Југодрво, ул. Павел Шатев, ул.Антон Попов, ул.Димо Хаџидимов, бул.Борис Трајковски и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата траса.
- Линија 58: Тр.центар, Југодрво, ул.Павел Шатев, ул.Антон Попов, ул.Димо Хаџидимов и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата траса.
II. Линии со непроменета траса:
а) Градски линии: 2, 2А, 12, 45 и 65В
б) Приградски линии: 11, 18, 47, 52, 53, 54, 55, 56, 60, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71,81