Македонец уапсен на српско-унгарска граница - криел дрога во подот на автомобилот

 

Според информациите кои ги објавија српските медиуми, на српско-унгарската граница, на преминот „Хоргош“, српската гранична полиција открила 17,8 килограми марихуана во возило „Фиат“ со македонски регистарски таблички.

Уапсен е 42 годишниот македонски државјанин В.Г., пишуваат српските медиуми. Според досегашните информации, марихуаната била скриена во подот од возилото. Денеска возачот ќе им биде предаден на надлежните српски судски органи.

најчитано сега