„Македонските краставици полни со пестициди“ - медиумите од соседството за скандалот со корнишоните на Заеви

Медиумите од регионот деновиве пишуваа за скандалот со отровните краставици кои ги произведува фирмата „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово, а извозник е фирмата „Трго Продукт“ од село Дабиле Струмица, и двете во сопственост на членови на фамилијата Заеви.

Македонските краставици полни со пестициди“, „Македонците пратија во Хрватска краставици преполни со пестициди“, „Македонските краставици полни со пестициди, компаните казнети, се само дел од насловите кои ги објавија српските и хрватски медиуми. 

-Хрватското министерство за земјоделство ја забрани продажбата на македонски краставици, бидејќи имале 10 пати повеке пестициди од дозволеното. Македонската инспекција ги казни со едногодишна забрана за работа и парични казни компаниите од Струмица и Валандово поради извозот на повеќе од 35 тони краставици полни со пестициди. Проблемот со македонските краставици настана откако извозниците не почекале седум дена по прскањето со пестициди, туку краставиците веднаш ги обрале и ги пратиле во Хрватска, пишува хрватски Тпортал.

Според прописите на ЕУ и Светската здравствена организација, максималното прифатливо ниво за дневен внес само во краставици е  0,05 милиграми / кг.

24.11.2013 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега