ФОТО:10 сантиметри снег на Попова Шапка - побелеа македонските планини

Македонските планини побелеа! Најавуваниот снег пристигна уште пред неколку дена, а веќе од минатата вечер врнежите од снег се спуштија на височина од 1700 метри. Според информациитена Meteopro.mk, досега има 10 сантиметри снег на Попова Шапка, околу 5 сантиметри на Пониква и на Бистра.

Според Метеопро, во текот на попладневните часови и ноќта, врнежите од снег постепено ќе се „спуштат“ и на височина до 1300 метри во северниот дел од Македонија.

ФОТО:  facebook/wehavesnow

24.11.2013 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега