Јанакиески информираше за електронското издавање согласност за урбанистички планови

Министерот Миле Јанакиески денеска го најави новиот проект на Министерството за транспорт и врски - Електронското издавање согласност за урбанистички планови.

Според Јанакиески, со овој проект максимално ќе се олесни и подобри транспарентниот процес на работење и  ефективноста при процесот на комплетирање на потребната документација и имплементација на Законот за градење.

Пред присутните градоначалници на политичката академија за зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа која се оддржува во Крушево, Јанакиески апелираше до општините што е можно побрзо да ги завршат предметите во делот на легализација и импелментација на Законот за градење во интерес на граѓаните.

Јанакиески информираше за инфраструктурните проекти кои ги реализира Министерството за транспорт и врски, со посебен акцент на проектите за подобрување на патната мрежа во државата, комуналната инфраструктура, како и проектите од железничкиот сектор.

24.11.2013 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега