Османи: Бевме поканети на отворањето на споменикот во Слупчане и не гледам ништо спорно
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи доби прашање на прес-конференцијата за посетата на отворањето на споменикот на УЧК во Липково.
Османи кажа дека биле поканети како гости и не гледа ништо спорно во тоа.
„Вчерашната посета не беше партиска активност, туку добивме покана од општина Липково, која ги има запазено сите процедури за изградба на споменик во општината. Со одлука на Советот и сите останати одлуки во рамки на локалната власт, а ние бевме поканети како гости и не гледам ништо спорно во тој дел“, кажа Османи.
03.05.2022 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа