Намирници кои се решение за вашиот најголем проблем пред спиење
Колку пати ви се случило да бидете гладни навечер иако знаете дека после 19 часот не е добро да се јаде?
Паѓате во искушение да направите сендвич или да земете грицки, но вашиот режим на здрава исхрана ве спречува во тоа, па на крај одите во кревет гладни.
Сето тоа не мора да биде така! Постојат намирници кои ќе ве заштитат од глад и нема да афектираат врз вашата витка линија или сон.
Овесна каша
Докажано е дека јаглените хидрати ослободуваат серотонин кој го смирува мозокот. Една порција овесна каша со млеко е најдобар избор пред спиење.
Топло млеко
Чаша млеко е стар рецепт за добар сон. Освен што содржи аминокиселина триптофан што е поврзано со спиењето, овој пијалок добро делува на нашата психа.
Јаткасто овошје
Јаткастото овошје е полно со магнезиум кој го смирува мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадеми, ореви и кикири се само неколку плодови кои секогаш треба да ги имате во домот. Но важно е со нив и да не се претерува бидејќи содржат многу калории.
Нискокалорично сирење
Кога станува збор за сон, калциумот многу слично делува како магнезиумот. Стручњаците препорачуваат околу 50 грама сирење дневно кое можете да го комбинирате со крекери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа