„Јутарњи“: Однесувањето на уапсената Клементина ги запрепастила сите во полициската станица – „Таа само се смееше“

 

Хрватскиот магазин „Јутарњи“ пишува за случајот на Денис Тот, кој го загуби животот откако беше нападнат пред ноќниот клуб „Привилиџ“ минатиот четврток околу 3.30 часот.

Девојката која учествувала во инцидентот, Клементина ги изненадила полициските службеници со нејзиното однесување, како што пренесува хрватскиот медиум.

– Се смееше како да сме ја привеле поради кражба на литар ракија во продавница, а не насилство, им открило неименувано лице на новинарите од „Јутарњи“.

Во моментов сите тројца осомничени за случајот се приведени и наскоро се очекува конечен епилог.

14.04.2022 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега