Со своите автомобили усмртиле куче зајак и дива свиња - три сообраќајни несреќи на патот Тетово-Гостивар

Три одвоени сообраќајки на возила со животни во текот на вчерашниот ден се случиле на автопатот Тетово- Гостивар.

Во првиот случај, кај наплатната рампа во Тетово, околу 3 часот и 30 минути патничко возило „Ауди“ со гостиварски таблици, управувано од страна на 22-годишниот Е.Н удрило и усмртило дива свиња. Направена е штета од 20.000 денари.

Во вториот случај околу 9 часот и 30 минути исто така кај наплатната рампа во Тетово, патничко возило „Форд галакси“ со гостиварски таблици што го управувал 50-годишниот Б.Џ удрило во куче при што е направена штета од 5.000 денари, додека во третиот случај, околу 23 часот на истиот автопат но сега во близина на надвозникот за Градец, патничко возило „Фолсфаген пасат“ управувано од 40-годишниот Л.А. налетало и усмртило зајак.Оштетувањето на возилото се проценува на над 20 илјади денари, пренесе МИА.

Најчеста причина за овие несреќи е недоволната обезбеденост на коловозите со заштитна ограда, пред се на автопатот Тетово-Гостивар каде на повеќе места е оштетена оградата или воопшто ја нема. 

22.11.2013 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега