Груевски: Наредната година ќе се градат пет нови болници

Премиерот Никола Груевски денеска по отварањето на спортската сала во Горно Лисиче, најави дека во текот на идната година во Македонија ќе се отворат пет болници - Клиничкиот центар, ПЕТ-центарот  и болницата во Козле во Скопје, и нови болници во Штип и Кичево. Премиерот Никола Груевски денеска најави дека  во првиот квартал на годината ќе биде урната постојната Гинекологија и на нејзино место и на поширок проостор околу неа ќе почне изградбата на Клиничкиот центар.

- Во моментов проектот се привршува и во декември очекуваме тендер за градба, а избраната компанија се надевам дека ќе почне да го гради новиот Клинички центар меѓу февруари и април. Финансиската конструкција е заокружена, рече Груевски, по пуштање во употреба на училишна спортска сала во Горно Лисиче.

Тоа се главните пет нови градби, а имаме и проект за реконструкција на сегашните објекти, кој се одвива согласно со планираното. Сериозни инвестиции се тоа, мислам дека долг период во Македонија немало такви инвестиции во здравството како што има во последните четири-пет години, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања. 

22.11.2013 - 13:00
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега