ВИДЕО: Бројот на жртви во уривањето на супермаркетот во Рига достигна 32 жртви

Како што соопшти полицијата  извадени се 32 тела од урнатините на супермаркет во Рига, главниот град на Летонија, а се стравува дека под урнатиот покрив има уште затрупани.

Дигалките креваат големи парчиња бетон и железни конструкции од срушениот супермаркет Максим, додека спасувачите трагаат по луѓето што останале затрупани во вчерашната несреќа, пишува РТ.

Покривот се срушил додека во супермаркетот имало многу луѓе кои пристигнале по враќањето од работа. Екипите го пребаруваат местото на несреќата со помош на механизација, а во близина во готовност чекаат екипите на брзата помош и пожарникарите. Покрај загинатите има и тројца спасувачи.

Засега не се знае причината за рушењето на покривот, но министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис за локална телевизија изјавил дека „постоел проблем во врска со исполнувањето на градежните норми“.

Синџирот супермаркети Максим соопштил во текот на ноќта дека компанијата е шокирана и потресена поради катастрофата, пишува РТ

22.11.2013 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега