Тетово: И ја украл чантата од рака на сред улица

Околу 23 часот на улицата  „Благоја Тоска“ во Тетово, синоќа засега непознат сторител ја нападнал 74-годишната  Д.В. при што и нанел телесни повреди во пределот на главата.

Разбојникот од старицата одзел чанта со 1.000 денари и други предмети.

Полицијата трага по сторителот.

22.11.2013 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега