Бучковски ѕвезда во Бугарија: Македонските Бугари се автори на идејата за независна Македонија

Претседателот на Бугарскиот културен клуб во Скопје, Лазар Младенов, му упати писмо на Владо Бучковски од Граѓанската алијанса за позитивна Македонија за неговиот говор на основачкото собрание на Алијансата. Младенов вели дека особено посветил внимание на делот каде  Бучковски „го констатира фактот дека во Македониjа има дискриминацијa кон дел од граѓаните кои се чувствуваат Бугари и кога отворено повикува да се прекине со таквата практика“.

Според Младенов, Бучковски е исклучително храбар и реалистичен, а за македонски услови и револуционерен, па затоа од срце го поздравува неговиот говор.

Убедени сме дека секој треба да ги негува своите културно-историски традиции, но тоа не треба да биде на сметка или да пречи на традициите на другите. Во образовниот систем во Македонија сè уште фигурираат идеолошки интерпретации на историјата што потекнуваат од тоталитарното минато на бивша Југославија. Посмртно се фалсификува бугарската етничка припадност на историски личности како свети Климент, цар Самуил, преродбениците Кирил Пејчиновиќ, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, браќата Миладинови, Григор Прличев, дејците на ВМРО, како на пример, Дамјан Груев, Христо Матов, Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев, Тодор Александров и други. Во таа смисла, се надеваме дека работата на Граѓанската алиjaнса за позитивна Македониjа ќе се фокусира исто така и на реформирање на идеолошки-интерпретираната историjа во нашиот образовен систем, коjа не само ги труе граѓаните, особено младата генерациjа, но е и основната пречка за градење добрососедски односи со нашите соседи“, се вели во писмото испратено до Бучковски.

Според Младенов, во своето петгодишното деjствување БККС со своите континуирани активности и напори, независно од предизвиците и тешкотиите со кои што се соочува, прераснал во основна организациjа коjа отворено и бескомпромисно се бори за заштита на бугарското културно-историско наследство во Македониjа и истакнува дека дел од приоритетите се владеењeто на правото, стабилните институции, слободата на медиумите, продлабочувањето на демократиjата и мултиетничкото општество, што поскоро разрешување на спорот за името со Грциja и потпишување договор за добрососедски односи со Бугариja, се со цел татковината побрзо да биде дел од семејството на ЕУ.

- За реализирањето на горенаведените благородни цели, БККС има готовност да соработува со сите субjекти во општеството, кои искрено jа споделуваат истата демократска кауза и сакаат да постигнат подобро граѓанско општество, порачува Младенов во писмото до Бучковски.

 

22.11.2013 - 11:03
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа