"Ми се зацрни животот" - сопругата на загинатиот рудар од Саса си ја отвори душата

Најтешко е да се биде вдовица на загинат рудар. Немам пензија, долго време немав здравствени картони, но најтешко ми е што немам пари, а болна сум и ми требаат средства за лекување. Сопругата на рударот кој пред неколку денови загина во Саса си ја отвори душата и ја раскажа својата приказна за весникот Дневник.

Станка Стаменковска, вели дека живее сама во семејната куќа во селото Саса. Едната ќерка и живее во Кочани, додека другата заминала во Италија. Семејството поднесе тужба за да докаже дека трагедијата била предизвиката од негрижа.

Сопругата и ќерката на Стаменковски обвинуваат дека тој, откако бил повреден во јамата длабока 900 метри, барал помош, но таа стигнала дури по еден час. Тука не запреле проблемите. Наместо веднаш да биде однесен во болница, тие чекале друго возило да го однесе до Здравствениот дом во Македонска Kаменица бидејќи во џипот од рудникот снемало гориво. По пат Стаменковски им подлегнал на повредите.

За потсетување, 30-годишниот Јанче. Д. кој работел како одржувач на машини во рудникот во Македонска Каменица, починал од тешките повреди со кои се здобил откако при работата врз него паднала машина со која поправал камион.

22.11.2013 - 10:49
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега