Обвинителството бара Кежаровски да се врати во притвор

Обвинителството е незадоволно од одлуката на Кривичниот совет за новинарот Томислав Кежаровски, па побара тој да биде вратен во притвор. Како што пренесува 24вести, јавното обвинителство смета дека се уште постои основа за Кежаровски да биде во реален а не домашен притвор.

- „Има  нејаснотии во одлуката на Основен суд Скопје за позитивната одлука по барањето на одбраната за куќен притвор. Домашниот притвор не може да го замени ефектот на вистинскиот притвор“, вели јавниот обвинител Марко Зврлевски за 24 Вести.

За враќањето на Кежаровски во затворот Шутка, во секој момент треба да се произнесе Апелацискиот суд.  

Инаку, новинарот  се соочува со 4,5 годишна казна поради откривање на идентитетот на заштитен сведок во случајот Ореше. 

22.11.2013 - 10:40
Фото: 
новини.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега