"Во животот се се враќа!" - поучна приказна која вреди да се прочита

Оваа приказна со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Прочитајте ја оваа поучна приказна...

Една бабичка чекала на каса во една голема самопослуга ред за да плати. Зад неа во редот стоела една млада жена со својот темпераментен десетгодишен син.

Синот постојано ја туркал количката со намирници, напред, назад, и веќе неколку пати ја удрил бабичката што стоела пред нив.

Бабичката се свртела и љубезно го замолила момчето да престане да ја удира.

Бидејќи малиот продолжил да ја удира, бабичката се обратила кон неговата мајка:

“Зарем не можете да му наредите на вашиот син да престане да ме удира?“

Младата госпоѓа одговорила: “Не. Мојата метода на воспитување му дава слобода да прави се што ќе посака, се додека неговата свест не стигне сама до заклучок што треба, а што не треба да се прави. Оваа метода е многу ефикасна!“

Во редот зад младата жена со детето, стоел 20 годишен дечко, кој сето тоа внимателно го слушал, а во рацете држел тегла џем од рибизли. Кога дамата завршила со објаснување на својата метода за воспитување, тој ја отворил теглата и го истурил џемот врз главата на младата мајка.

Жената бесна се свртила кон момчето зад неа, а тој ладнокрвно и одговорил:

“Знаете госпоѓо, и јас сум воспитан со истата метода која дава слобода, исто како и вашиот син. И еве, ваков е резултатот!“

Старицата се насмевнала и се обратила на касиерката:

“Ве молам ставете ја оваа тегла џем на моја сметка!“

Извор: Курир

22.11.2013 - 10:22
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега