Фатмаѓул и Мустафа се двојка и во реалниот живот?!

Турските медиуми без престан пишуваат за тројцата главни актери од серијата "Судбината на Фатмаѓул" која се стекна со голема популарност и гледаност и во Македонија. Како што пренесува вистина.мк, Фатмаѓул или актерката Берен Сат и Мустафа или Фират Челик се двојка и во реалниот живот.

Актерската двојка заедно била на концертот на Џемириквај каде за прв пат биле и фотографирани како разменуваат нежности. Сепак, убавата актерка која е на врвот на својата кариера негира дека е во врска со колегата.

Според пишувањето на дневниот весник Ал Бајаба од Јордан улогата на Фатмаѓул  е прогласена за жена од соништата во арапскиот свет.

22.11.2013 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега