Самарас и Меркел ќе разговараат за спорот со името

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да оствари средба со претседателот на грчката Влада, Андонис Самарас.

На средбите е предвидено да се разговара и за македонско-грчкиот спор за името кој е пречка за влезот на нашата земја во Европската Унија.

Инаку, неодамна германската канцеларка разговараше и со медијаторот Метју Нимиц, за да се информира за состојбата околу грчко-македонскиот спор.

22.11.2013 - 10:06
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа