Изгоре автомобилот на секретарот на либиската Амбасада во Атина

Изгоре автомобилот на секретарот на либиската Амбасада во Атина, пренесува грчкиот весник Етнос.

Пожарот предизвикал и сериозни оштетувања на уште три автомобили.

Грчката полицијата смета дека пожарот е  подметнат, но во близина на автомобилот не бил пронајден никаков запаллив материјал.

Во тек е полициска истрага за инцидентот.

22.11.2013 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега