Американците сметаат дека Едвард Сноуден и наштетил на американската безбедност

Поголемиот број на Американци сметаат дека откритијата на поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден за шпионските програми на американското разузнавање, и нанеле штети на националната безбедност на САД.

Според анкетата на весникот „Вашингтон пост“ шеесет проценти од учесниците во анкетата сметаат дека откритијата на Сноуден имале негативен ефект, а дури педесет и два проценти сметаат дека Сноуден треба да биде обвинет за криминал.

Учесниците во анкетата изразиле критички однос кон начинот, на кој претседателот Барак Обама реагирал во таа ситуација, а само 35 проценти го одобруваат неговото дејствување во однос на НСА.

Четириесет и шест проценти сметаат дека НСА ги надминува своите надлежности, а 37 отсто сметаат дека Агенцијата добро работи, додека десет отсто дека таа треба да има поголеми надлежности.

22.11.2013 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа