Неготинчанец тврди: Ми украде 1,5 милиони евра - бизнисот со една жена ќе ме доведеше до банкрот

 

Ме измами, ме ограби и се обиде на криминален начин да ми ја земе фабриката. Вака сопственикот на Јадран Готино Фудс, една од најголемите фабрики во тиквешкиот регион ја започнува својата приказна. Вели дека погрешната проценка и соработката со една жена го чинела 1,5 милион евра.

Во текот на изминатите 3 години, соработувавме со финансиска куќа и со лице кое е претставуваше дека е директор на  финансиска куќа, Суза Димова Тунтева. На крајот излезе дека ниту таа е директор а оштетени сме за најмалку ,5 милиони евра преку пренаплатување и преку директни одливи на пари од нашите сметки, вели сопственикот на Јадран Готино Фудс, Тодор Кулаков

Ќулаков пред 3 години склучил договор со Тунтева и нејзината фирма која работи на откуп на побарувања. Преку поволни услови го намамила во банка во која како што тврди, Тунтева веќе имала инсталирано своја криминална мрежа. Го измамила да потпише меница на 1,2 милиони евра и продолжила преку пренаплатување и директни одливи да му ги извлекува парите од сметката, тврди сопственикот на фабриката. Кога увидел дека парите постајано течат некаде, Ќулаков ангажирал ревизорски куќи, го купил најскапиот софтвер за финансиско работење и конечно, како што тврди, успеал да најде, каде одат парите.

„Во моментот кога се открива еден мал дел од нејзиниот криминал ја викаме на состанок да и соопштиме дека знаеме точно дека што и како има направено во текот на тие 3 години. И во истиот момент, односно во утрешниот ден, на незаконски начин. Суза Димова Тунтева преку нејзината криминална мрежа ни ја блокира сметката“ - вели Кулаков

Според Ќулаков, Тунтева имала цела криминална мрежа во која покрај вработени во банката, имало и нотари и извршители. Според него, таа со незаконско активирање на меницата му ја блокирала сметката со цел тој да остане без пари, а таа во брза постапка преку банката во која го намамила да земе кредит а каде фабриката била дадена како гаранција да ја стави на лицитација и да ја купи за сума, 4 пати пониска од пазарната. Иако имал пари да си ја плати меницата, тој воопшто не можел да работи бидејќи неговата сметка била под блокада па од неа не можело да се црпат средства. За спас се обратил во друга банка, каде подигнал нов кредит и во последен момент успеал да си ја спаси фабриката. 
Вели дека криминалот на Тунтева го докажала и најреферентната ревизорска куќа, која утврдила дека таа од него украла најмалку 400 илјади евра. Сега Ќуалков правдата ја бара на Суд.

Веќе поднел кривична пријава до одделот за организиран криминал и се надева дека институциите ќе им застанат на патот на како што вели, подмолните криминалци. 
Стапивме во контакт и со Тунтева. Во краток телефонски разговор таа ни рече дека станува збор за куп фалсификувани документи и дека таа не направила никакво кривично дело. За повеќе детали не упати кај својот адвокат. Тој поради зафатеност ни рече дека ќе не побара подоцна, но до овој момент, од него се уште немаме став.

21.11.2013 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега