Вељановски испрати честитка за Денот на албанската азбука

Спикерот на македонското собрание Трајко Вељаноски денеска на припадниците на албанската етничка заедница во земјата им го честиташе празникот 22 ноември - Ден на албанската азбука.   

-Уважувајќи го сопствениот јазик и азбука, негувајќи го и осознавајќи ја неговата големина и значење, паралелно го спознаваме различниот од нас и неговата потреба да ги чува и негува вредностите и особеностите на својот народ. Одбележувајќи вакви празници, значајни за меѓусебното разбирање, почитување и уважување, го јакнеме граѓанското општество, ја јакнеме основата на стабилно општество отпорно на предрасуди и нетолеранција, посочува Вељаноски во честитката.

Во таа насока, потенцира претседателот на Собранието, потребно е заеднички да останеме на патот на заложбата за надградување на меѓусебниот однос, на соживотот меѓу сите граѓани на Република Македонија.

-Со взаемна волја и искрен пристап да придонесеме во унапредување на заедничкиот живот и изградбата на просперитетна и европска Република Македонија, завршува во својата честитка спикерот Вељаноски

21.11.2013 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега