Тврдење на експерт: Летното сметање на времето го уништува здравјето
На 27-ми март ќе започне летното сметање на времето со поместување на стрелките на часовникот еден час нанапред, од 2 на 3 часот по полноќ. Преминот на летно сметање на времето долго време е предмет на многу анализи бидејќи научниците веруваат дека поместувањето на часовникот може да има сериозни здравствени последици.
„Промената на времето е исцрпувачка за телото“, рече д-р Даг Кирш, портпарол на Американската академија за медицината на спиењето.
„Мислам дека укинувањето на тој е чекор во вистинската насока“.
Наместо тоа, тој вели дека треба да се држиме до стандардното време. Тој рече дека разбирањето на биологијата е важно кога се донесуваат одлуки кои вклучуваат деноноќен ритам или внатрешниот часовник на телото.
„Нашата биологија диктира дека како луѓе најдобро спиеме кога е светло наутро и темно навечер“, рече тој.
Кирш смета дека стандардното време трајно ќе има подобар резултат.
„Науката сугерира дека спиеме подобро и затоа ќе бидеме поздрави, повнимателни, ќе правиме помалку грешки, ќе имаме помалку несреќи“.
Според податоците, во деновите по промената на часовникот има зголемен број на сообраќајни незгоди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа