Единствена Македонија: Зошто „шарените“ кои беа сојузници на Заев за рушење на Македонија за насилство добија условни казни, а патриотите за 27 април добија по 15 години затвор

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија

Единствена Македонија најостро реагира на двојните аршини на македонското правосудство.

Од една страна, претставници на „шарените„ кои беа сојузници со Зоран Заев за рушење на Македонија и Македонците како експозитури на странски центар вчера за насилство добија условни казни. Шарените своевремено ја запалија половина Македонија, луѓето не можеа да излезат по улиците, имаше насилство каде беа Повредени поеќе од 200 полицајци и недолжни граѓани и финално ја запалија канцеларијата на претседателот на државата која се наоѓа во синџир од повеќе згради со што беа загрозени животите на голем број станари во тие згради.

Од друга страна, македонските патриоти кои на 27 април влегоа во Собранието, за тепачка внатре добија по 15 години затвор. Цела Македонија знае дека македонските патироти кои се фрлени во темните затворски зандани на два века затвор се осдуени за измислени дела за тероризам за да може да помине националното предавство на марионетската власт во Скопје.

Единствена Македонија ветува дека одговорност за монструозната конструкција за 27април во која невини луѓе лежат во затвор, мора да има, и ќе има.

20.03.2022 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега