Младо момче повредено во сообраќајка на патот Охрид - Ресен
27 годишен стружанец и уште двајца негови сопатници се повредени во сообраќајна незгода која се случила утрово на магистралниот пат Охрид-Ресен, близу превојот Буково.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила утрово околу 9 часот кога автомобил „Опел Корса“ излетал од коловозот. Стружанецот Н.П. кој бил зад воланот и двајцата сопатници, заработиле телесни повреди и биле пренесени во специјалната болница за трауматологија и ортопедија „Свети Еразмо“ во Охрид. Откако им била укажана лекарска помош, возачот е задржан на лекување а неговите сопатници се пуштени на домашно лекување.
Се работи на утврдување на причините за несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа