Се пролеа крв во Скопје - крвнички претепани татко и син

 

 

15 годишно момче и неговиот татко биле крвнички претепани и избодени од група насилници во Шуто Оризари.

Според досегашните информации, малолетникот бил нападнат на автобуската станица во Шуто Оризари, а откако дошол дома и му раскажал на својот татко што се случило, двајцата заминале во куќата на лицето за кое се сомневале дека е напаѓачот.

Кога стигнале до куќата, таму биле собрани седум до осум лица, „вооружени“ со палки и ножеви. Меѓу нив бил и напаѓачот од автобуската станица. Насилниците ги нападнале таткото и синот, задавајќи им телесни повреди. 

Освен повредите, оштетено бил и автомобилот на таткото и синот.

21.11.2013 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега