ФОТО: Ослабела 400 килограми откако ја обвиниле за убиство

32- годишната Мајра Розалес  во последните две години симнала два товари од себе. Едниот паднал откако беше ослободена од обвинението за убиство на нејзиниот внук  кој наводно ненамерно го усмртила така што одеднаш се свртела и го пригмечила со своето тело, тогаш тешко 466 килограми. Тоа било првото олеснување за неа.

Другото се случило откако одлучила да се ослободи од вишокот на килограми.  Пресуда Розалес ја добила затоа што нејзиниот адвокат, Серхио Валдез, на судот успеал да му докаже дека таа е „премногу дебела за убиство“, односно дека не може ни да се движи без нечија помош.

Дури и лекарите на суд сведочеле дека нејзиниот внук умрел поради здобиен удар со тврд предмет, а не од гушење.

21.11.2013 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега