Пукотници го разбудија Кавадарци - двајца браќа едвај извлекоа жива глава

Пукотници го потресоа центарот на Кавадарци. Според информациите од МВР, во инцидентот немало повредени, но била причинета материјална штета.

Како што информираат од полицијата, синоќа околу 21:45 часот, засега непознат сторител пукал во автомобил „Нисан“ во кој се возеле кавадарчанецот Б.С. и неговиот брат. Двајцата браќа останале неповредени, а оштетено било задното стакло од автомобилот.

Полицијата веднаш извршила увид на посоченото место каде се слушнале пукотниците и била пронајдена една чаура. Оттаму велат дека веќе има едно осомничено лице и се работи на расветлување на случајот.

 
21.11.2013 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа