Конгресменот Треј Радел фатен со кокаин

Фатен  конгресменот републиканец од Флорида, Треј Радел со кокаин. Полицијата го следела Радел и утврдила дека тој повеќепати купувал кокаин и повремено го делел и со други лица. Таен полициски агент на крајот му понудил на Радел да купи кокаин и тој го сторил тоа, плаќајќи 250 долари за 3,5 грама од оваа дрога по што бил уапсен.

Радел е нов конгресмен, првпат избран во 2012 година, од Флорида каде има голема медиумска компанија и каде работел како радио водител. Од неодамна, Радел стана член и на групата за пријателство со Македонија во Конгресот

21.11.2013 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега