Што ќе се случува деновиве во „Скопје сити мол“?
По повод Меѓународниот ден на детето, од денеска до 24 ноември на вториот кат на трговскиот центар „Скопје сити мол“ ќе се одржува вториот Саем за деца, на кој најмладите ќе може да се забавуваат и едуцираат. Од „Скопје сити мол“ информираат дека ќе има и попусти во продавниците од детскиот дел на центарот.
- Богатата програма исполнета со конкурси, квизови, креативни и едукативни работилници, детска олимпијада и турнири од забавен и натпреварувачки карактер, поддржани од повеќе брендови во трговскиот центар, ќе им овозможи на децата возбудлив викенд. Тие ќе може да цртаат, да изработуваат колачиња, да пеат, да го надоградуваат своето знаење, да учествуваат во спортски активности, соопшти „Скопје сити мол“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа