Пратениците ќе избираат претседател на ДИК

Македонското Собрание денеска ќе одржи 77. седница на која ќе се расправа и за предлозите за избор на претседател на Државната изборна комисија и на судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Дневниот ред има 23 точки и е дополнет со уште 106, со предлог-закони во прво, второ читање или по скратена постапка.  

На дневен ред се: Предлог на закон за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на сведоци (сите во скратена постапка).

Меѓу предлозите во прво читање се: измени на  Царинскиот закон,  Законот за инвестициски фондови, за ревизија, за безбедност на храна, за животната средина, за трговските друштва, за култура, за употреба на македонскиот јазик, за дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, Предлог на закон за финансиска дисциплина, за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на Законот за здравственото осигурување.

21.11.2013 - 08:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега