Дојди во Јунајтед и ќе ти го убијам семејството - Мојес доби закани по живот

Уште пред да седне на клупата, Дејвид Мојес, наследникот на Сер Алекс Фергусон веќе добива закани по животот.

Како што пишуваат англиските медиуми фанови на Манчестер Јунајтед упатиле смртни закани до Дејвид Мојес преку неговиот Твитер профил.

- Дејвид Мојес , те предупредувам….Дојди во Јунајтед, зае*и го и јас лично ќе ти го убијам семејтвото! Тоа е се.........- Веднаш ќе кажам Мојес, ако го продадеш Руни – ќе те убијам........се само дел од заканите.

Случајот е пријавен во полиција.