Ставревски: Турција добро ја познава Македонија - очекуваме инвестиции
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески зема учество на 22- рите Годишни средби на Европската банка за обнова и развој во Истанбул.
Тој уште еднаш ја констатираше соработката меѓу Македонија и Турција.
- Тоа се две земји кои што имаат добра соработка, би рекол повеќе на политички отколку на економски план и очекувам во иднина економската соработка да се продлабочува. Во секој случај на највисоко ниво, вклучително преку посети на премиерите на двете земји, претседателите и нивни средби како и на сите други нивоа. Во изминатиот период, во многу наврати е искажана поддршката во напорите на едната или другата земја за остварување на надворешно-политичките и на другите цели, изјави тој.
Во делот на економската соработка и привлекувањето на инвестициите, Ставрески изрази уверување дека со оглед на тоа што турските бизнисмени добро ја познаваат Македонија, има добри шанси да има поголем број на странски инвестиции на инвестиции од Турција во Македонија.
- Во тој дел сметам дека преку роуд шуоата и преку презентациите на Македонија во Турција има голем интерес и очекуваме добар дел од тие инвеститори да дојдат во Република Македонија и да започнат со бизнис. Од аспект на секторите во коишто најголема е соработката и најголеми шанси има да се реализираат инвестиции сметам дека се тука градежништвото, односно изградбата на недвижности, потоа медицината, земјоделието, текстилот, производствените дејности и секој друг сектор каде што инвеститорите ќе оценат дека се добри условите за водење на бизнис, рече Ставрески.
- Па главната тема на годишното собрание на ЕБРД во Истанбул оваа година е растот односно Како да се поттикне економскиот раст. Во тој дел со задоволство можам да констатирам дека политиките што ги предлагаат раководните лица на ЕБРД и претседателот на ЕБРД којшто денес ги спомна се истите оние политики што Република Македонија со години ги спроведува во делот на подобрување на бизнис климата. Токму беше истакната потребата земјите во транзиција да настојуваат да ја подобрат својата бизнис клима и да го подобрат рангирањето на Дуинг бизнис на Светска банка, а ние тоа го направивме и од 94 то место во 2006 та дојдовме на 23-то место, нагласи тој.