За оние кои сакаат да го намалат кофеинот - четири напитоци што ќе ви ги решат главоболките
Кофеинот го подига нивото на енергија и расположение, но и нивото на стрес во телото.
Кафето едноставно го обожуваме, но пречестото консумирање лесно може да се развие во зависност од кофеин.
Експертите велат дека е најдобро постепено да го намалувате внесот на кафе, за вашето тело да се навикне на промените. Исто така, се забележува дека е потребен зголемен внес на вода за време на периодот на одвикнување на кафето.
Еве кои напитоци се препорачуваат како здрава замена за кафе.
1. Зелен чај
Зелениот чај содржи и кофеин, но неговата количина е значително помала од онаа што се наоѓа во кафето. Намалувањето на нивото на кофеин со консумирање зелен чај може да помогне да се намали чувството на анксиозност и да се подобри сонот. Содржи и многу антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот и го зголемуваат согорувањето на мастите.
2. Чај од куркума
Лековитите ефекти на куркумата се многубројни, што го потврдуваат и медицинските тестови. Чајот од куркума е одлична замена за кофеинот бидејќи ја намалува напнатоста во мускулите, го подобрува расположението и може да помогне при дерматолошки заболувања. Добар е и за црниот дроб и метаболизмот.
3. Чај од ѓумбир
Верувале или не, ѓумбирот содржи витамин Ц, магнезиум, витамини од групата Б, калиум, калциум, фосфор и натриум. Покрај тоа што е добар сојузник во борбата против дигестивните проблеми, позитивно влијае на циркулацијата, кардиоваскуларниот систем и ја ублажува мачнината.
4. Црвен чај Роибос
Можеби не сте слушнале за овој чај, но време е да научите нешто за ова прекрасно растение. Овој пијалок е познат како африкански чај и мајчино чудо. Не содржи кофеин, па пиењето може да го подобри спиењето, здравјето на срцето и расположението. Покрај тоа, овој напиток го намалува стресот и нервозата. Ова растение, исто така, има корисни ефекти врз кардиоваскуларниот систем, кожата, алергиите и здравјето и виталноста на коските.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа