ФОТО: Златен Волан за новата Audi А3 Лимузина

Новата Audi А3 Лимузина ја освои една од најпосакуваните награди во автомобилската индустрија - „Златен Волан “ за 2013 година. Оваа година од вкупно 49 номинирани автомобили, читателите на „Auto Bild" и „Bild am Sonntag", заедно со стручното жири,  ја избраа новата Audi А3 Лимузина за најдобра во категоријата „автомобил од средна големина“.

 

Audi со оваа победа ја дополни низата на големи успеси. Вкупно 23 статуетки „Златен
Волан“ освои компанијата во 38 годишната историја на овие награди. Ниту еден друг бренд нема освоено повеќе награди „Златен Волан“. Новата Audi А3 Лимузина  е првата лимузина во компактната премиум класа. Автомобилот со својата врвна технологија, секојдневна практичност и удобноста ги импресионираше читателите и стручното жири.

Д-р Улрих Хакенберг, член на одборот за технички развој во AUDI AG, ја прими наградата на свеченоста во Берлин. Гости од светот на бизнисот, политиката и медиумите присуствуваа на свеченото доделувањето во „Аксел Шпрингер Хаус“. Секоја година, уште од 1976, „Auto Bild " и "Bild am Sonntag"  ги прогласуваат најдобрите нови автомобили. 

20.11.2013 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа