Социјално загрозените лица ги потпишуваат договорите - од декември почнуваат со работа

Лицата кои добија работа преку мерките на Владата за вработување лица од социјално ранливи категории, во текот на оваа недела ги потпишуваат решенијата за работа.

Потпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, денеска истакна дека процесот се одвива транспарентно и дека со решението за работа се потпишува и спогодба за прераспределба во институции на Макеоднски шуми каде тие ќе бидат распределени.

Во Македонски шуми ќе работат 60-70 лица, додека останатите вработени од ранливи категории ќе бидат распределени во други институции.

Ѓорѓиев информираше дека конечната ранг листа е 1.600 лица при што 113 лица се изземени по повеќе основи, а на 113 лица им се прифатени поднесените жалби. 

 

- Комисијата која одлучуваше по жалбите фунционира во „Македонски шуми“ и прифати 113 жалби од страна на лица за кои се увидело дека согласно документите и податоците кои се добиени од страна на државните органи ги исполнуваат овие критериуми и тие  се внесени во рамките на овие 1.600 лица. Во меѓувреме имаме отпус на 113 лица од таа листа, кој е направен по повеќе други основи. На пример 80 лица од тие што претходно ги исполниле условите и биле најдобро рангирани во меѓувреме додека траеше процесот се вработиле дали во приватниот или јавниот сектор и на тој начин го изгубиле правото да бидат вработени како резултат на овој проект. Има околу 25 лица кои во меѓувреме, додека траел процесот, ги исполниле условите за старосна пензија. И има околу 5-6 случаи кои по други основи, некои сами, побарале да се исклучат од ранг листата. Се заокружува бројката од 113 лица кои се внесени во оваа листа и 113 лица кои се изземени, рече владиниот портпарол.

Инаку, лицата ќе поминат и обука, а со работа ќе започнат на 2 декември.

20.11.2013 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега