Булеварот "Партизански одреди" ќе се продолжи со кружен тек

 

Во општината Ѓорче Петров денеска се одржа средба на таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, со службите и јавните претпријатија на Градот и урбаните и месните заедници од општината.

Претставници од урбаните и на месните заедници имале можност да разговараат со градските служби и јавните претпријатија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, со цел истите најбрзо што може да бидат решени. 

- Како најважен проект кој ќе почне да се реализира наредната година е продолжувањето на булеварот „Партизански одреди" со кружниот тек на до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле", со чија реализација значително ќе се подобри сообраќајот во оваа општина и ќе се добие една алтернатива на булевар „Ѓорче Петров". Во моментов е завршен проектот, а ќе се работи на расчистување на имотно-правните односи и преостанатата документација, информира Трајановски.

На територијата на општина Ѓорче Петров ќе продолжи изградбата на пречистителната станица во Волково, расчистувањето на имотно-правните односи за проширување на булеварот „Борис Сарафов" (поранешна „4-ти Јули“), како и активности за изградба на пешачки и на велосипедски патеки на кејот на реката Вардар. 

20.11.2013 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега