Шалке во Скопје доаѓа со најсилен состав

Германскиот бундеслигаш Шалке најави дека на пријателскиот натпревар со Вардар ќе допатува со најсилниот состав.

- Нема никаков сомнеж дека ќе дојдеме во најсилниот наш состав. Не сме клуб кој би си поигрувал со своето реноме, а и кога прифаќаме гостување тогаш мора да биде на највисоко ниво. Доаѓаме со првиот тим, и сите фудбалери кои се на располагање, нашите репрезентативци Хилдебранд, Дрекслер, Меер, Холанѓанецот Хунтелар, Бразилците Рафаел и Бастос, потоа Џермејн Џонс, и сите останати. Ќе недостасува Афелај поради повреда на коленото, изјави координаторот за организациска поддршка на тимот од Гелзенкирхен, Патрик Арнолд.

- Бев во Скопје во 2004 година кога двата тима се сретнаа во рамките на европските натпревари и од кога стартуваше пријателството на двете навивачки групи, а потоа и на клубовите. Но, мора да признам дека од тогаш условите овде многу се изменети. Гледам дека Скопје и Вардар имаат прекрасен стадион кој, може слободно да кажам, дека има извонредни услови подобри и од поголем број европски стадиони каде сме играле како клуб, истакна Арнолд.

Натпреварот со пријателски карактер меѓу Вардар и Шалке ќе се одигра на 24 мај на арената „Филип Втори“ во Скопје.

најчитано сега