Рикер: САД ја поддржуваат истрагата за трговија со органи на Косово

 

 

Заменикот-помошник на американскиот државен секретар на САД Филип Рикер изјави дека Вашингтон целосно ја поддржува истрагата за трговија со органи на Косово, додавајќи дека таа ќе биде долга и сложена и затоа не сака да ги прејудицира нејзините резултати.

- САД многу сериозно ги разгледуваат сите обвинувања за воени злосторства и целосно ја поддржуваме истрагата за наводите во извештајот на Дик Марти, истакна Рикер.

Тој укажа дека истрагата ја спроведува специјален тим на ЕУЛЕКС и оцени дека веќе е постигнат добар напредок во истрагата.

 

најчитано сега