Со ортопедски прегледи одбележан Денот на детето

Светскиот ден на детето - 20 Ноември се одбележува од 1954 година. На денешен ден во 1959 година Генералното Собрание на ОН усвои Декларација за правата на децата.

Македонија со  ортопедски систематски прегледи за децата од градинките и предшколска возраст приватната општа болница Ре-медика го одбележува Интернационалниот ден на детето.

Во рамки на одбележувањето, како што соопшти болницата, денеска биле прегледани 150 деца од четири до шест години од градинката „13 Ноември“, а нивните родители добиле извештај со насоки за правилен развој.

- Заради модерниот начин на живот, продорот на технологијата во нашите животи, децата стекнуваат навики, кои даваат свој одраз врз нивното здравје. Затоа, и како доктори и како родители ја потенцираме потребата, уште од најрана возраст децата да ги добијат редовните ортопедски систематски прегледи, пред сè како превентива и доследно следење на детскиот раст, изјави Димитар Споа, ортопедски хирург.

Прегледите содржат инспекција на телото, анализа на одот, мерење на физиолошкиот или патолошкиот опсег на движење на екстремитетите, мерење на сводот на стапалката со подометар и мерење на рбетни искривувања со помош на сколиометар. Секое дете на кое ќе биде извршен преглед ќе добие писмен наод потпишан од докторот.

20.11.2013 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега