Жена цела година спиела покрај телото на починатиот сопруг

Шеесет и девет годишна вдовица од Брисел неможела да се раздели од својот сопруг и по неговата смрт. Така покрај неговото тело спиела речиси цела година.

Остатоците од нејзиниот сопруг биле пронајдени во стан во Брисел, а се претпоставува дека тој починал од астматичен напад во ноември минатата година.

Соседите не почуствувале никаква чудна миризба, а патологот Филипе Бохо наведува дека телото скапувало во креветот, а дека внатрешните органи станале течни.

 

Според него оваа течност наскоро би можела да се разлее по креветот кој потоа би бил затрупан со инсекти.

20.11.2013 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега