Се опијанил, па се разбудил на аеродром во Париз

 

Лук Хардинг од Манчестер се забавувал со пријателите во ноќен клуб, а на враќање кон својот дом му рекол на таксистот да го одведе на аеродром. Таму купил карта за последниот лет таа ноќ за Париз. Утрото се разбудил во тоалетот на парискиот аеродром Шарл де Гол.

Кога објавил неколку фотографии од Париз на Твитер, стана вистинска сензација.

- После работа заминав на пијалак со пријателите, една работа водеше кон друга, па отидовме во ноќен клуб. Стана здодевно, па појдовме кон дома, но тогаш веќе бевме пијани. Во себе го имав пасошот, а на мобилниот телефон добив известување по пат на апликација за евтин лет за Париз. Тогаш тоа ми изгледаше како сјајна идеа, изјави деветнаесетгодишниот Хардинг.

Еднодневната екскурзија го чинела 356 евра. Таксистот го убедил дека е млад лекар кој патува на конвенција. На аеродромот се обидел да ја мине контролата и да изгледа дека е трезен, па одлучил што помалку до зборува.

- Кога се разбудив не знаев каде се наоѓам. Дури подоцна се сетив дека купив карта за Париз. И се јавив на мајка ми и и реков да ме чека на аеродромот во Манчестер. Беше убаво, но се смрзнав. Сепак не жалам. Тоа е многу смешна приказна, вели момчето.

20.11.2013 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега