Банката во чиј одбор е братучедот на Путин затворена за перење пари

 

Руската Централна банка ја затворила „Мастер банк“, во чиј Управен одбор членува братучед на претседателот Владимир Путин, поради сомнение дека се переле пари. Како што пренесуваат руските медиуми,Централна банка констатирала „повеќекратни кршења“ на законите за перење пари и за финансирање на тероризмот. Одлуката за затворање на „Мастер банк“ стапува во сила денеска. 

Игор Путин, братучед на претседателот Владимир Путин, е член на Управниот совет на банката, а во периодот од 2010 до 2011 година, бил потпретседател на банката. 

Банкарската асоцијација, која ги гарантира депозитите, соопшти дека клиентите на затворената банка ќе добијат по 700 илјади рубљи (15.800 евра). 

20.11.2013 - 10:46
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега