Фејсбук го „призна“ Косово

 Фејсбук ја „призна“ независноста на Косово, на тој начин што го  вклучи на листата на независни земји, пет години откако Приштина прогласи отцепување од Србија.

- Фејсбук го призна Косово како држава, напиша косовската министерка за европски интеграции Вљора Читаку на Твитер, додавајќи дека за тоа Владата добила официјална потврда од социјалната мрежа.

Во соопштението од кабинетот на премиерот на Косово, Хашим Тачи се наведува дека тој бил информиран за плановите на Фејсбук.

 

20.11.2013 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа