Градоначалникот на Торонто ги обвинува своите колеги дека се дрогираат
Градоначалникот на Торонто, Роб Форд кој јавно призна дека употребувал кокаин,во интервју кое што го емитуваше „АБЦ“ ги обвини своите колеги дека го нападнале од лични причини и истакна дека многумина од нив се виновни за неговото непримерно однесување.
Собранието во Торонто со мнозинство изгласа буџетот за канцеларијата на Форд да се намали за 60 проценти, а неговите луѓе да работат со заменикот Норм Кели.
Роб Форд сега нема законодавна моќ, а исто така повеќе нема и да претседава со извршниот комитет, и покрај тоа што ќе ја задржи функцијата и можноста официјално да го претставува Торонто.
Наместо да се извини поради своите пороци, Форд останува пркосен пред притисоците да поднесе оставка, наведува „Асошиејтед прес“.
Тој и порано укажуваше дека некои негови колеги се дрогираат, но велеше дека не е предавник и дека нема да ги именува.
Неговите колеги во полицијата изјавиле дека Форд прекумерно пие, понекогаш во алкохолизирана состојба управува автомобил и дека ги принудува своите службенички на орален секс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа