Каде ќе заврши хемиското оружје од Сирија?

 Организацијата за забрана на хемиско оружје  донесе одлука до 17 декември да изготви план за уништување на сириското хемиско оружје надвор од територијата на Сирија, во врска со барањето за уништување на сирискиот хемиски арсенал и проценка на неговата моќност.

Согласно документот, генералниот директор на ОЗХО, заедно со учесниците во договорот кои ќе прават проценки на потенцијалот или ќе помагаат при уништување на оружјето, е должен најдоцна до 17 декември да претстави план, во која јасно ќе се посочи која од земјите и во кој стадиум ќе преземе одговорност за уништување на хемиските материи, земајќи ги тука предвид трошоците, неопходноста за сместување во определени рокови и почитување на сите мерки за безбедност. 

Според одлуката сите хемиски оружја ќе бидат изнесени надвор од Сирија до 5 февруари 2014 година. Изопропанолот и садовите во кои се чува ипритот ќе бидат уништени на територијата на Сирија до 1 март следната година, односно до тој датум е планирано во земјата повеќе да нема хемиско оружје. Капацитетите за производство на хемиско оружје е планирано да бидат уништени до 15 март 2014 година.

Најопасните хемиски супстанци ќе бидат уништени надвор од територијата на Сирија, не подоцна од 31 март 2014 година, а останатите не подоцна од 30 јуни 2014 година. 

 

 

20.11.2013 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега